
Е- сметководство
Еволуцијата во сметководството како незапирлив процес и брзиот развој на технологијата и пазарот како и потребата за брза и точна информација е се поголема. Современите потреби на фирмите бараат потесна соработка со сметководствените бироа и работа на еден софтверски систем. Е-сметководството го нуди токму тоа. Ние веруваме дека клауд решението е иднината на индустријата. Со користењето на ова деловно софтверско решение им овозможуваме на нашите клиенти (помали и поголеми правни лица) загарантиран раст, развој и целосен пристап во финансиската евиденција.
Предностите што ги нуди онлајн сметководството:
-
Клауд интегрирана сметководствена програма
-
Автоматска обработка на документи
-
Софистицирана, брза и точна финансиска анализа
-
Постојан увид на клиентот во неговото работење и податоци
-
Пристап од каде било во светот, 24/7
-
Пониски трошоци и заштеда на време
-
Доставување на документи по електронски пат (без потреба од физичко присуство)
-
Сигурен и безбеден софтвер кој постојано се надградува
-
Лесен и ефикасен за користење
