top of page

За Киб Консалтинг

Киб Консалтинг е сметководствена и консалтинг компанија која 25 години успешно се справува со предизвиците во финансискиот сектор. Континуирано се развиваме во чекор со најновите достигнувања, стандарди и технологии. Големиот број на финансиски услуги обезбедени од нашите експерти со долгогодишно искуство им помагаат на нашите клиенти од различни стопански дејности за подобро менаџирање на бизнисот. Целта на нашето постоење е градење на долгорочна врска со нашите клиенти базирана на доверба и транспарентност.

IMG_5684_edited.jpg

Нашата мисија е обезбедување оптимални деловни решенија

25

Годишно работно искуство

5

Врвни експерти

300+

Задоволни клиенти

Денес компаниите се соочуваат со бројни ризици и промени во нивното работење во исклучиво сложена финансиска клима. Поради тоа поддршка сме за сите големини на бизниси во нивните периоди на раст,транзиција и развој. Голем дел од нашето време го посветуваме на градење одржливи и транспарентни врски со нашите клиенти и ги водиме низ комплексностите на денешниот законодавствен и сметководствен свет.

Вредности кои ги негуваме

Интегритет

Негуваме силни и морални етички принципи и вредности во односот со нашите клиенти.

Квалитет

Квалитетното извршување на услугите е предуслов за долгорочна соработка и успех во бизнисот.

Експертиза

Стручниот пристап во решавањето на секојдневните предизвици е поткрепен со континуриана обука и усовршување на знаењата на нашите вработени.

Соработка

Суштинско значење за речиси сите аспекти во бизнисот е градење мост на меѓусебна соработка и взаемно почитување.

Иновации

Постојано истажуваме и применуваме нови идеи и иновативни пристапи за да излеземе во пресрет на барањата во финансискиот свет кој постојано се менува.

Our Partnerships

Придружи се на успешната страна!

Вашиот успех е наш приоритет!

Инфо

+389 (0)72 305 681

office@kib.mk

Адреса

Ул.Булевар ослободување 62

Бемос Бизнис Центар,Кичево 6250

Македонија 
 

@2023 All Rights Reserved KIB Consulting

  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn
bottom of page